Кери Бредшо е во страшна неволја! Протекоа детали од продолжението на „Сексот и градот“ (ВИДЕО)

1,367

Сите со нетрпение го очекуваат продолжението на култната серија „Сексот и градот“, а иако новите епизоди штотуку се снимаат, откриени се некои детали, кои го следат животот на Кери, Шарлот и Миранда.

Деталите од сценариото протекоа во јавноста и откриваат во какви односи се Кери Бредшо  и нејзиниот сопруг Ѕверката, кој го игра Крис Нот.






Според „Пејџ сикс“, по спектакуларната венчавка и заедничкиот живот, Кери и Ѕверката сега ќе живеат одделно, бидејќи се наоѓаат среде болен развод. Кери сега има педесет години и е водителка на подкаст, а со Ѕверката води бракоразводна парница околу поделба на имотот.

Во една сцена Кери е на вечера со пријателите, Стенфорд, Миранда и Шарлот, и им вели дека не се чувствува добро.

– Снимав подкаст, ја измив косата. Да, не јадев ниту спиев, но барем се чувствував добро во својот брак. Сега сум само една од сопругите за кои се грижел? – е една од сцените што ќе се појават во серијата.

Обожавателите на серијата ќе се сетат дека Ѕверката пред Кери беше два пати во брак. Првиот брак го имаше со издавачката на книги Барбара, а вториот со младата манекенка Наташа. Во меѓувреме, се појавија сцени во кои актерката Бриџит Мојнахан која ја глумеше Наташа, снима на улиците на Њујорк.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини