КЕРИ БРЕДШО Е САМО ПРЕКАР Дали го знаете вистинското име на главната хероина на „Сексот и градот“?

Дури и најверните обожаватели на популарната серија „Сексот и градот“ беа изненадени кога во новата епизода беше откриено целото име и презиме на главната хероина.

502

Во текот на целата серија сите ѝ се обраќаат со Кери, но нејзиното вистинско име е малку поинакво.

Дури и најверните обожаватели на популарната серија „Сексот и градот“ беа изненадени кога во новата епизода беше откриено целото име и презиме на главната хероина, која досега сите ја нарекуваа кратко и јасно – Кери Бредшо.






Имено, во последната епизода од продолжението на култната серија се дознало дека ликот кој го толкува Сара Џесика Паркер, всушност, се вика Керолајн Бредшо.

Уште од 1998 година, кога беше премиерно прикажана првата епизода од серијата „Сексот и градот“, сите на главнната хероина ѝ се обраќаа со Кери. Меѓутоа, во една од сцените на новото продолжение „And Just Like That…“ (И баш така…), кога Кери доаѓа да купи кафе, вработен во кафулето ја поздравува со нејзиното вистинско име.

Всушност, на Википедија отсекогаш се наведувало дека главната хероина од „Сексот и градот“ се вика Керолајн Мари „Кери“ Бредшо.

Оваа информација е новост за публиката, па многумина на социјалните мрежи изразија чудење.

„За овие 20 години никогаш не помислив дека Кери би можело да биде скратено од Керолајн“, „Штотуку сфатив дека Кери Бредшо се вика Керолајн“, „Ни требаа повеќе од две децении да сфатиме дека Кери е прекар“, се само некои од коментарите на страсните обожаватели на оваа серија.

 

 

Поврзани содржини