КЕРИ БРЕДШО ЧИТА РОМАН ОД ХРВАТСКА АВТОРКА Таа побара да ѝ прати пар чевли за да си ја плати ќиријата
Станува збор за книгата „Фати го зајакот“, за која младата авторка ја освои Европската награда за литература во 2020 година.
Актерката Сара Џесика Паркер редовно споделува со своите следбеници на Инстаграм како го поминува времето помеѓу сетовите на снимањето на новата сезона на серијата „Сексот и градот“, па покажала дека во моментов го чита романот на авторката Лана Басташиќ, која е родена во Загреб, а израснала во Бања Лука.
Станува збор за книгата „Фати го зајакот“, за која младата авторка ја освои Европската награда за литература во 2020 година, така што ова нејзино дело е преведено на осумнаесет јазици. Покрај тоа, овој роман влегол во потесен избор за наградата НИН во 2019 година, а ја добил и меѓународната награда Latisana per il Nord Est 2021.
Препораката до следбениците на Сара Џесика Паркер да го прочитаат овој роман, предизвика и реакција кај хрватската авторка на „Фати го зајакот“.
„Се надевам дека ќе ми даде пар од нејзините чевли за да ја платам киријата за 3 месеци“, се пошегува Лана Басташиќ на својот профил на Инстаграм.
Следувале бројни коментари и пофалби од нејзините следбеници, но Басташиќ го додала и следново:
„Мили мои, ви благодарам за вашите добри зборови и јавување. Не направив ништо ново, книгата беше објавена во 2018 година, така што нема потреба да ми честитате. Оттогаш, романот освои две награди, одлични критики во домашните и странските списанија, но изгледа, за жал, ништо од ова не е толку важно како кога ќе те спомне славна актерка.“
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм