Кендал Џенер призна: Се борев за воздух и мислев дека ќе умрам!

1,134

Манекенката Кендал Џенер во специјалното интервју што му го даде на Кенет Кол во емисијата „Добро утро, Америко“ (Good Morning America), се обиде со својата интимна приказна да ја подигне свеста за значењето на менталното здравје за време на овие тешки околности, но и воопшто.

Кендал во многу отворен разговор признала дека се бори со анксиозноста уште од раното детство, а дека нападите на паника станале дел од нејзиното секојдневие, со кое понекогаш многу тешко се справува.






Според нејзините зборови, она што во текот на годините ѝ помагало, а ѝ помага и сега, е поддршката и разбирањето од нејзината мајка, а и од целото семејство.

– Бев многу, многу млада и се сеќавам на чувството како да не можам да дишам и ми се врти во главата – тогаш во паника истрчав кај мајка ми и барав помош. Бев многу исплашена, бидејќи мислев дека нешто не е во ред со мене, дека сум болна. Мајка ми по првиот напад ме однесе кај сите можни лекари, кои утврдија дека физички со мене сѐ е во ред. Никој никогаш не ми кажа дека страдам од анксиозност и напад на паника. Дури пред три години, кога моите напади станаа застрашувачки и толку чести така што да го стопираа мојот живот, стручњаците ми објаснија од што страдам и тогаш сѐ ми стана јасно – раскажала Кендал.

Кендал и порано, во неколку наврати, зборувала дека се бори со ова здравствено нарушување, кое, со кариерата што ја има, претставува голем проблем, бидејќи ја имобилизира и доведува до бројни самоограничувања кои произлегуваат од стравот, но првпат сега јавно проговори за тежината на борбата што ја води уште од најраното детство.

 

Поврзани содржини