КЕНДАЛ ЏЕНЕР ГОЛА НА СНЕГ Манекенката го „запали“ Инстаграм! (ФОТО)

За да не ѝ биде „ладно“, иако е во летна комбинација, поради минисните температури и снегот, таа облека уште само длабоки крзнени чизми.

2,052

Манекенката Кендал Џенер (26) студените зимски денови, традиционално, ги поминува во монденското место Аспен каде што вози ски-борд. Кога не е на патека, Кендал ужива во сите други зимски спортови, а во едно е апсолутна шампионка.

Наместо облечена како што прилега во зимски услови – дебело, топло палто или јакна, капа, топли зимски панталони за студено време, Кендал одлучила да направи фотографии на снегот, додека позира во минијатурно бикини.






Манекенката во малото црно бикини на своите следбеници им се пофали со совршената линија и форма. А, за да не ѝ биде „ладно“, иако е во летна комбинација, поради минисните температури и снегот, таа облека уште само длабоки крзнени чизми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kendall (@kendalljenner)

„Вим Хоф рече: ледени бањи“, напишала Кендал.

Вим Хоф, познат по прекарот „Леден човек“, е холандски мотивациски говорник и екстремен спортист, познат по својата способност да издржи многу ниски температури.

Фотографиите на кои Кендал Џенер позира во снег само по минијатурно црно бикини за помалку од 24 часа собраа речиси 10 милиони лајкови на Инстаграм. Една од најзгодните манекенки во светот во моментов е сликана само по костимот за капење и со крзнени чизми.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини