„Кемет Електроникс“ отвора нова производна линија и истражувачки центар

Инвестицијата е вредна 10 милиони евра и ќе обезбеди нови вработувања.

984

Вкупно 10 милиони евра е новата инвестиција на „Кемет Електроникс“ во Бунарџик која ќе овозможи проширување на капацитетите во фабриката.Се прави нова линија за автоматско производство на кондензатори за автомобили, како и нова хала, а со 1 милион евра ќе се отвори и Центар за истражување и развој на нови кондензатори и просторија за тестирање на нови материјали.

Оперативниот менаџер за „Кемет Електроникс“ во земјата, Стефан Утковски рече дека компанијата го усовршува своето производство, надоградувајќи ги производствените капацитети, а паралелно со тоа и капацитетите на своите вработени.






-Новата инвестиција и Центарот за истражување и развој за нови кондензатори, како и просторија за истражување и тестирање на нови материјали е планиран за август 2021 година, додека почетокот на производство во новиот дел во мај 2022 година. Со ова, се очекува да се зголеми бројот на нови работни места и да достигне до 500 вработени – рече Утковски.

„Кемет Електроникс” произведува електронски компоненети наменети за електронски производи наменети за авионската, воената и автомобилската индустрија.

Оваа американска инвестиција е отворена во октомври 2012 година.Фабриката е лоцирана во технолошко-индустриската развој на зона – Бунарџик на површина од 11.000 метри квадратни, од кои 9.000 се производствен капацитет.

– „Компанијата „Кемет Електроникс“ е една од позитивните примери која и во пандемиска година го задржа бројот на вработени и обезбедува добро платени работни места. Оваа компанија се обврза на 200 работни места, а денес вработува 269 наши сограѓани што е за 35% повеќе. Поважно, во 2020 година, регистриран е раст на бруто платите од без малку 6%, што е нешто повеќе од просечниот раст регистриран во зоните минатата година и во согласност со нашите интензивни заложби за обезбедување поголеми плати за вработените во зоните. Ова ќе го констатираме и при доделувањето помош на компанијата – рече директорот на ТИРЗ  Јован Деспотовски  кој денеска со премиерот Зоран Заев беа во Бунарџик.

Премиерот Заев , пак рече дека земјава и натаму ќе биде привлечна за инвеститорите, но сега не со евтината работна снага, туку со пониските ресурси.

Тој најави дека економски промотори ќе се пратат и во други земји кои се интересни за обезбедување инвестиции како Германија, франција и Вишеградската група на земји.

Поврзани содржини