📽️ 📷 КЕМЕР Е ДИЈАМАНТОТ НА ТУРСКАТА РИВИЕРА Кристалната вода и боровата шума пленат со својата убавина
На крајот, може слободно да се каже дека концептот на туризам во Турција е примамлив – еднаш кога ќе платите, нема дополнителни трошоци. Сѐ е вклучено во цената и го нема стресот дали ќе имате пари за сладолед или за сокче. Турците, несомнено, знаат како ве освојат и да ве задржат како турист!
Кемер, скриен бисер на турската ривиера, е место каде што се спојуваат сините води на Средоземното Море со зеленилото на планините Таурус. Овој чаробен град во Анталија е дом на некои од најубавите плажи, историски споменици и незаборавни авантури кои го прават идеална дестинација за секој патник.
Температурата во Кемер речиси секогаш е над 5 степени пониска од другите делови на Анталија, без разлика за кое годишно време станува збор. Причина за тоа е комбинацијата од борова шума, кристално чистото море и погледот кон планината Таурус.
Со својата мешавина од природни убавини, историски богатства и модерен комфорт, Кемер е место каде секој може да најде нешто за себе. Без разлика дали сте авантурист во потрага по возбуда, историчар кој сака да ги истражува минатите цивилизации, или само некој кој сака да се опушти на плажа, Кемер е дестинацијата која не смее да се пропушти.
При изборот на хотел во Кемер, мора да знаете што точно сакате. Има хотели кои се далеку од самиот град, но има и градски хотели, оние кои се во самиот центар.
Екипата на Плусинфо која беше дел од инфо-турата организирана од туристичката агенција „Фибула“ посети дел од хотелите во Кемер. Мораме да истакнеме дека овој регион од анталиската ривиера едноставно не плени со природата во која се изградени хотелските комплекси, секако и гостпримливоста на домаќините за која надалеку се зборува.
Со задоволство можеме да ги споделиме импресиите од „Sherwood Exclusive Kemer“ каде што минавме две вечери, а нашите прекрасни домаќини се потрудија овој престој да биде незаборавен и да посакаме повторно да се вратиме таму. Хотелот се наоѓа во регионот Гојнук на 7 километри до центарот на градот Кемер и 45 километри од аеродромот во Анталија.
Според нас ова можеби е најдобриот хотел за семеен одмор! По „Sherwood“, ќе биде тешко да се најде сличен концепт друго место. Областа е едноставно прекрасна! Целиот хотел кој наликува на куќарки, е во шума, насекаде има цвеќиња, дрвја, грмушки, многу убава, пријатна природа, воздух, планини, море. Интересно е тоа што има неколку помали базени околку кои се бунгаловите. Доколку не сакате да одите на главниот базен или на плажа, можете да уживате во безенот која е во прекрасна борова шума и едноставно наликува на бајка. Хотелот е мирен и тивок, токму за семејство со деца. Хотелските соби се удобни и чисти, се чистат секој ден и се менуваат хигиенските средства.
Во периодот помеѓу ручек и вечера, на територијата се организира улична храна, кога готват ѓомлезе, хамбургери пред вас, можете да пиете кафе, чај со колачи.
Спа-центарот е посебно место за релаксација за телото и душата. И секој ден после море/базен можете да посетиш сауна, амам, да се истушираш, се е чисто и во пријатна атмосфера. Многу вреди да доплатите за масажа. Многу дружељубиви девојки од Бали ќе се погрижат да ги најдат сите проблематични точки и да го опуштат вашето тело.
Морето е убаво, проѕирно, чисто. Плажата е добро опремена, има доволно лежалки и пешкири за секого.
Во кратки црти Хотелот има главен и 4 „а ла карт“ ресторани (турски, италијански, риби и кинески – платено), 12 барови, конференциска сала (900 луѓе), бесплатен интернет, 11 отворени базени, 9 тобогани, теретана, спа центар, сауна, турска бања , парна соба, аеробик, аквабајк, тениско игралиште, изнајмување опрема за тенис, пикадо, стрелаштво, мини фудбал, одбојка на плажа, кошарка, боче, пинг-понг, диско, музика во живо, анимација, 2 детски базени, 3 тобогани, детско игралиште, детско мени, детски клубови (5-12 и 13-17 години).
– Многу пријатен хотел, по пристигнувањето бевме пријатно шокирани од територијата, областа на хотелот беше толку голема, убава и зелена. Ми се допадна сè – разновидна риба, месо, зеленчук, сирења, десерти. По пристигнувањето во хотелот, бевме пречекани од многу љубезен персонал, ни предложија прекрасна соба. На територијата на хотелот има детски клуб, со кој нашите деца се едноставно воодушевени, би сакал да ја истакнам и плажата – областа на плажата е чиста, како природата да е недопрена. Нема да кријам, но овој хотел навистина ги исполни нашите очекувања – ни сподели семејството Еванс од Велика Британија.
Следниот хотел во кој го посетивме е прекрасниот комплекс со пет ѕвезди „Mirage Park Resort“ кој е лоциран на првото крајбрежје, уреден во класичен стил. Прекрасна комбинација на море, планина и огромна зелена територија. Во близина на хотелот има продавници и кафулиња. Пространи, удобни и пријатни соби, активна анимација за деца и возрасни, добра услуга, разновидна храна, вклучително и безглутенска кујна и ресторан во кој се служат специјални оброци за појадок, ручек и вечера, оваа кујна е целосно одделена од другата кујна. Топла препорака за парови и семејства, вклучително и со деца.
„Mirage Park Resort“ е во непосредна близина на „Sherwood Exclusive Kemer“. Има хотелска приватна плажа со камчиња и песок, со бесплатни крпи за плажа, лежалки и чадори за сонце.
Надворешни и внатрешни базени со детски базени, тобогани, фитнес-центар, сауна, турска бања, парна соба, тениски терени, мини фудбал, кошарка, одбојка на плажа, пинг-понг, мини голф се бесплатни.
– Целото семејство се одмори во хотелот! Сè ми се допадна многу! Анимацијата е одлична! Има толку многу активност во хотелот, што овде воопшто нема да ви биде здодевно. Пикадо, воден аеробик, стрелаштво, ватерполо се најчестите активности каде што одевме. Тимот за анимација е еден од најдобрите што сме ги виделе. Им благодариме многу што не дозволија да се досадуваме и да се забавуваме на нашиот одмор со нас. Целиот хотел е во зеленило, атмосферската е премногу убава. Кујната е вкусна и разновидна. На територијата има зоолошка градина, хамам и неколку барови. Никој не остана гладен и никој нема да остане овде. Плажата е една од најудобните и уредни. Морето е чисто. Се заљубивме во хотелот и верувам дека ќе дојдеме повторно – за Плусинфо ги сподели своите импресии Игор Ивченко кој беше дојден со сопругата Катја и ќерката Анастазија.
Хотелот „Balmy Beach Resort Kemer 4*“ е отворен минатата година и ве пречекува во ексклузивна средина резервирана за возрасни, нудејќи ви висококвалитетни соби и услуги, специјално дизајнирани да ги комбинираат луксузот и удобноста во хармонија.
Сместен на плажа, покрај кристално чистите води на Медитеранот, ова импресивно одморалиште ветува незаборавен престој покрај турската ривиера, во навистина релаксирачка атмосфера.
Искусете го кулинарското патување со траги од анадолската кујна. Готвачите од различни ресторани работат со локални состојки за да ви го понудат најдоброто од турската и интернационалната кујна, каде свежината се среќава со вкусот. Откријте ги највкусните кујни во светот со свежи производи внимателно избрани од готвачот, совршено место за вечера со прекрасен поглед на Средоземното Море.
Можете да се опуштите покрај прекрасниот базен, но пливањето во сините води на Средоземното Море ќе ве остави без зборови. За престој кој опфаќа и благосостојба и фитнес, искористете ја теретаната, сместена среде убавината на природата и нуди спокоен поглед на плажата.
– Навистина ни се допаќа хотелот. Собите се чисти, а персоналот е пријателски расположен. Плажата е своја, полупразна, нема борба за лежалки, луѓе од јавната плажа повремено минуваат низ плажата, но обезбедувањето строго следи се. Храната е вкусна и разновидна. Главниот ресторан е прекрасен, јадењата се менуваат, има многу избор. Барот „Garden“ служи вкусно кафе; во близина на базенот има одличен сладолед во вафла што се пече токму пред вас. Ентериерите се неверојатно убави, благородни и естетски пријатни. Се чувствувате како да сте во некаква рајска оаза, особено ако се споредите со другите хотели наоколу. Анимацијата е ненаметлива во форма на музика во живо во вечерните часови. Тишина, мир и спокојство. Ова е хотел за душа – ни раскажаа дел од гостите со кои поразговаравме.
Инаку сите хотели работат по принципот „ол инклузив“ – богати трпези со традиционални јадења од турската кујна, но и други специјалитети кои ќе ги задоволат вкусовите и на најпребирливите. А кога станува збор за слатките, е тука веќе немаме зборови – овде е рајот за љубителите на благото. Во понудата може да се најдат познатата турска баклава, кадаиф, сутлијаш, ќунефе, бројни торти и ситни колачи.
Целиот регион Анталија нуди задоволство за семејства со деца, затоа што секаде може да се најде некоја интересна занимација. Ако го изберете Сиде, ќе изберете да го поминете одморот на песочни плажи. Ако не ви се патува многу – изборот е Анталија зашто е најблиску до аеродромот, Кемер е за љубителите на исклучително чисто море и плажи со камчиња. Но, кој регион или хотел да го изберете – нема да се разочарате, затоа што услугата е речиси секаде на врвно ниво.
На крајот, може слободно да се каже дека концептот на туризам во Турција е примамлив – еднаш кога ќе платите, нема дополнителни трошоци. Сѐ е вклучено во цената и го нема стресот дали ќе имате пари за сладолед или за сокче. Турците, несомнено, знаат како ве освојат и да ве задржат како турист!
Уживајте во видеото кое го подготвивме за вас и се надеваме дека токму Кемер ќе биде вашата следна дестинација за одмор.