„КЕЛНЕРОТ“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА Бил вработен во јавно претпријатие, а заминал да работи во Хрватска
Случајот за Мартин Ачкоски го објави прилепскиот огранок на СДСМ на почетокот на септември. Директорот на Комуналец- Прилеп, Абашоски информираше дека Ачкоски бил разрешенна крајот на август кога во фирмата добиле информација дека работи во Хрватска.
Управителот на прилепски Терминал комуналец за кој беше објавено дека заминал да работи како келнер во Хрватска доби кривична пријава за „несовесно работење во службата“ информираше Министерството за внатрешни работи.
– Пријавениот, во својство на управител на правен субјект од Прилеп, ги повредил одредбите од Законот за работни односи и Колективниот договор на правното лице, со тоа што до 01.09.2022 година имал склучено договор за работа во Р.Хрватска, а истовремено не го имал прекинато работниот однос во јавно претпријатие од областа на комунална дејност од Прилеп, со што се стекнал со противправна имотна корист – се наведува во соопштението од МВР.
Случајот за Мартин Ачкоски го објави прилепскиот огранок на СДСМ на почетокот на септември. Директорот на Комуналец- Прилеп, Абашоски информираше дека Ачкоски бил разрешенна крајот на август кога во фирмата добиле информација дека работи во Хрватска.
https://plusinfo.mk/prilepski-shef-na-p-raboti-vo-hrvatska-zel-neplaten-odmor-za-da-bide-kelner/