КЕЛНЕРОТ ЌЕ ТЕ ПРАША „КАК’В СИ?“ Лазаров вели дека Македонците ги замениле Банско и Боровец со Копаоник и со Златибор

Лазаров смета дека топката помеѓу двете земји е спуштена и дека новите премиери Димитар Ковачевски и Кирил Петков ќе свртат нов лист во историјата на македонско-бугарските односи.

1,389

Кирил Лазаров, претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора, вчера во „Студио 10“ на ТВ24 рече дека Македонците сѐ повеќе се определуваат да ги заменат бугарските со српските зимски туристички центри поради политичката блокада од страна на Софија.

– На границата е сменет односот, не поради одлука на политичари, туку самата атмосфера е таква. Келнерот ќе те праша таму „Какв си?“ (Што си ти?). Зошто да одам Банско и во Боровец, ќе одам на Копаоник и на Златибор. Но како што се растуриле односите, така и ќе се поправат. Брзо ќе се врати довербата и ќе се вратиме во нормала – рече бизнисменот.






Лазаров смета дека топката помеѓу двете земји е спуштена и дека новата власт во Бугарија ќе донесе позитивни промени во македонско-бугарскиот спор. Тој очекува новите премиери Димитар Ковачевски и Кирил Петков да свртат нов лист во историјата на македонско-бугарските односи.

Поврзани содржини