Келнерка од Њујорк открива кој од славните е скржав, а кој е плачко

Џејк е плачко-муштерија. Постојано негодува за нешто, а и никогаш не плаќа кога оди на вечера со пријателите - раскажува Лора.

560

Келнерка од Њујорк открива кој од познатите лица во САД е најдобар, а кој најлош и најскржав муштерија.

Како вработена во познат елитен ресторан, Лора Месробијан имала чест да прими нарачки од голем број познати личности, и како што вели, непријатно е сознанието дека некој што скоро и го обожаваш, „не сака да пушти срце“ за бакшиш.






Не кажува конкретно кој е тоа, но во своите Тик-Ток видеа, девојката говори за Џејк Џиленхол, Грета Гервиг, Глен Клоуз…

– Џејк е плачко-муштерија. Постојано негодува за нешто, а и никогаш не плаќа кога оди на вечера со пријателите – раскажува Лора.

Првото нејзино видео собра скоро 100.000 прегледи. Потоа таа говореше и за глумицата Грета Гервиг.

– Со неа, тотално, би се забавувала цела вечер. Се радував на нејзиното присуство – вели Лора.

Но, партнерот на Гервиг – Ноа Бомбак, не ѝ бил толку забавен на келнерката.

Поврзани содржини