КЕЛНЕР СИЛУВАЛ МЛАДА АМЕРИКАНКА ПРЕД ПИЦЕРИЈА Ужас во центарот на Дубровник!

На келнерот од Требиње изречена му е мерка притвор од 30 дена, а освен за силување, тој е осомничен и за тешка кражба.

5,893

49-годишниот келнер од Требиње, државјанин на Босна и Херцеговина, силувал 20-годишна Американка во центарот на Дубровник. Ужасниот инцидент ја потресе хрватската јавност во екот на туристичката сезона. Силувачот во меѓувреме е упасен и против него е покрената судска постапка поради основано сомнение за силување на 20-годишната девојка.

-Казненото дело силување е извршено во раните утрински часови на 12 јуни, недалеку од жичарницата и историскиот центар на градот, на верандата на пицерија, каде келнерот извршил насилен сексуален однос со млада Американка без нејзина согласност, што таа потоа го пријавила во полиција – изјави за Дубровник хералд портпаролот на Жупанискиот суд, Перо Милоглав.






На келнерот од Требиње изречена му е мерка притвор од 30 дена поради опасност од бегство. Тој освен за силување се сомничи и за кражба бидејќи по грозоморниот чин, на девојката и го зел паричникот и две банкарски картички.

Поврзани содржини