КЕЦ И ДВОЈКА ПО ДЕМОКРАТИЈА 61% од граѓаните сметаат дека во Македонија нема демократија

ВМРО-ДПМНЕ коментира наоди од истражувањето на Евротинк, кои покажуваат драстичен пад на довербата на граѓаните.  

228

61% од испитаниците во анкетата на Евротинк сметаат дека во Македонија нема демократија, што е изразено преку најслаби оценки, со единица и двојка, коментира ВМРО-ДПМНЕ.

– Оваа неспособна власт постојано зборува за наводно почитување на демократијата, слободата на говор, почитување на човековите права, додека во реалноста се случуваат рангирања на Македонија во хибриден режим, до навредување на медиумите и нивната уредничка политика и ограничување на слободата на говор – изјави портпаролката на партијата, Марија Митевска.






Она што дополнително е застрашувачки е што, хронолошки гледано во анкетата, енормниот пад за демократијата се случува за само две години – од 2020 до 2022 година за дури 25,5% пониска доверба. Во 2015 година 32.9% од испитаниците сметале дека во Македонија има демократија наспроти само 16% денес.

72% проценти од граѓаните во Македонија сметаат дека државата се движи во целосно погрешна насока, а за дури 10% е падната довербата на оние граѓани кои минатата година сметале дека Македонија се движи во правилна насока.

– Ова е еклатантен пример како оваа неспособна и криминална власт на СДС и ДУИ ја убива и последната надеж на граѓаните дека може подобро, дека треба поинаку – коментира Митева.

Поврзани содржини