КЕБА ПРОГОВОРИ ЗА РАЗВОДОТ НА СИН МУ И СЕВЕРИНА Дали жали што пејачката повеќе не му е снаа?
По долгиот медиумски молк за разводот на неговиот син Игор од Северина Вучковиќ, Кеба конечно се огласи и ја искоментира хрватската пејачка.
Игор Којиќ годинава и официјално се разведе од пејачката Северина Вучковиќ, а сега неговиот татко и пејач Драган Којиќ Кеба откри дали му недостасува неговата поранешна снаа, но и нејзиниот син.
Имено, по долгиот медиумски молк за разводот на неговиот син Игор од Северина Вучковиќ, Кеба конечно се огласи и ја искоментира хрватската пејачка.
– Не избегнувам да зборувам на таа тема. Но, јас не го советував мојот син ниту пред разводот, ниту по него. Ниту, пак, тој тоа од мене го побара. Тој е зрел човек. Што се однесува до тоа, дали тој прв се развел? Не. Минатото нека остане во минатото – почнал пејачот, а на прашањето дали жали што Северина повеќе не му е снаа, се обиде да избегне да одговори.
– Тоа е лична моја работа е дали ми е жал или не. Ниту една разделба не е лесна и не е лесно да се каже „сеедно“ – рекол тој.
Којиќ го спомнал и синот на пејачката, кого го гледал како свој внук. Сега речиси низ солзи рекол дека му недостасува момчето.
– Го сакам, како и секогаш, најмногу на светот. И секогаш ќе ми недостасува – изјавил Кеба за медиумите, на промоцијата на новиот дует.
ФОТО: Инстаграм