Иако започнаа да се забавуваат пред нешто повеќе од два месеци, 41-годишната актерка Кејти Холмс и нејзиното момче, осум години помладиот италијански готвач Емилио Витоло, се лудо вљубени и, наводно, тајно се венчале во канцеларијата на матичарот по 35 дена врска, а сведок бил таткото на Емилио.
Извор близок на актерката и нејзиниот избраник открил дека Кејти имала пуштена коса на церемонијата и била во летен фустан со тренди јакна и високи потпетици.
– Кејти секогаш мислеше дека е романтично да избега некаде и тајно да се омажи, а сега ѝ се исполни желбата – рекол изворот.
Изминативе месеци, Кејти и Емилио не пропуштаат јавно да ја покажат својата љубов. Папараците секојдневно ги снимаат како разменуваат нежности среде улица или во ресторан.
Кејти беше во брак со холивудската икона Том Круз, заедно ја имаат 14-годишната ќерка Сури. Тие се разведоа пред осум години.
ФОТО: Инстаграм