Актерката Кејт Винслет изјавила дека познава најмалку четири личности од актерскиот свет во Холивуд кои се плашат јавно да објават дека се хомосексуалци.
Неодамна, познат актер му признал на својот агент му признал дека е бисексуалец, на што добил одговор од кој Винслет е непријатно изненадена.
– Разбирам дека сте бисексуалец, но јас тоа не би го објавил јавно – рекол агентот.
„Ми паѓаат на памет најмалку четири актери кои ја кријат својата сексуалност. Тоа е болно, затоа што се плашат дека луѓето ќе го дознаат тоа”, коментирала Винслет, нарекувајќи ја филмската индустрија „осудувачка, дискриминаторска и хомофобична”, пишува „Унилед“.
„Емонит“ е новиот филм со Винслет во главната улога, а нејзиниот лик има тајна врска со друга жена која ја игра Саорајс Ронан.
– За мене е неверојатно колку луѓето се фокусираат на љубовните сцени во филмот затоа што во нив има две жени – рекла Винслет и додала:
„Искрено ви велам, никогаш толку не ме испрашувале за сцени од хетеросексуална природа, што сум ги снимила во голем број.“