Кејт стана „учителка“, таа сега ги води часовите на Џорџ и Шарлот

416

Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон (38) им помага на своите деца, принцот Џорџ (6) и принцезата Шарлот (4), во нивните училишни обврски. Тие не сакаат да заостанат во учењето додека трае пандемијата на коронавирусот, а училиштата се затворени. За најмладиот син, принцот Луис (1), војвотката организира секој ден време за игра, пренесуваат странските медиуми.

– Кејт ги води повеќето од предавањата на децата. Секој ден нешто ново работи со нив – изјавил извор за странските медиуми. Исто така, ѝ помага и принцот Вилијам (37). Нивниот главен приоритет е децата да се навикнат на домашната средина додека трае пандемијата со коронавирусот. Кралската двојка е вклучена во образованието на принцот Џорџ и принцезата Шарлот, кои имаат низа активности секој ден.






Вилијам и Кејт во моментов се со своите деца во вилата Анмер Хол во Англија. Тие го следат развојот на ситуацијата со коронавирусот, а минатата недела кралскиот експерт откри дека војводата од Кембриџ ќе стапи во државничка за време на кризата. Тој ќе го предводи кралското семејство и ќе ја поддржува нацијата.

Како што објавија, тие наскоро ќе го претстават проектот за психолошка помош вреден 5 милиони фунти за граѓаните на Велика Британија за време на карантинот.

FOTO: Instagram/Printskrin

 

Поврзани содржини