🎥 КЕЈТ МИДЛТОН ЗАИГРА БОСА, ПА НЕ Ѝ ГИ БЕНДИСАА СТАПАЛАТА Како може една принцеза да има вакви нозе?
Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, викендов предизвика јавна дебата на социјалните мрежи, овојпат, поради изгледот на нејзините стапала.
Принцезата Кејт Мидлтон успешно им се врати на кралските должности по битката со ракот, која ја принуди да се повлече од јавниот живот.
Таа беше во посета на хиндуистички храм во Лејчестер, по повод Фестивалот на боите, еден од најпознатите индиски фестивали на кои се слави доаѓањето на пролетта и се одбележува со танц, музика, храна и чај.
– Кејт Мидлтон, идната кралица на Англија, има стапала како на кокошка; Со сите тие пари, не помисли ли да си ги среди?; Дали е ова вештачка интелигенција? Како може принцеза да има вакви стапала?; Барем можеше да си ги скрати ноктите; Толку многу луѓе се грижат за нејзиниот изглед, но никој не се грижи за нејзините стапала – се само дел од коментарите на социјалните мрежи се проширија фотографиите од стапалата на Кејт Мидлтон.
Иако доби негативни критики на социјалните мрежи, сепак со овој потег таа покажа дека дури и кралските дами се само обични жени, на кои може да им се случи да имаат несредени стапала, што е последица и од постојаното носење штикли и тесни чевли на сите кралски настани.