Кејт Мидлтон во самоизолација, пристигна соопштение од палатата

1,060

Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ, сопругата на принцот Вилијам, е ставена во изолација откако се дознало дека таа била во контакт со личност која е позитивна на коронавирусот.

Војвотката е изолирана во палатата Кенсингтон, а кралското семејство не соопшти каде се случил контактот, туку само изјави дека таа била во близина на заразеното лице минатата недела, а некои медиуми шпекулираат дека контактот се случил на Вимблдон.






Кејт, која ги прими и двете дози на вакцината против коронавирусот, со сопругот и синот присуствуваше на фудбалскиот натпревар Англија-Германија на „Вембли“ во вторникот.

„Нејзиното височество нема симптоми, но ги следи упатствата и ќе биде во самоизолација“, стои во соопштението на палатата.

Поврзани содржини