КЕЈТ МИДЛТОН СВИРЕШЕ НА ПИЈАНО ЗА БОЖИЌ Прв јавен настап на војвотката (ВИДЕО)
Војвотката го придружуваше пејачот Том Вокер при изведбата на песната „For Those Who Can’t Be Here“, посветена на љубовта и загубата.
Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, вчера на Бадник беше вистинска ѕвезда на концертот божиќни песни „Royal Carols – Together At Christmas“, а на кој првпат јавно свиреше клавир и ги воодушеви присутните.
Кејт знае да свири клавир од детството, а свирењето го обновила за време на пандемијата. Таа го придружуваше пејачот Том Вокер при изведбата на песната „For Those Who Can’t Be Here“, посветена на љубовта и загубата.
– Војвотката посветено вежбаше дома, навистина вложи многу време и енергија сѐ да испадне како што треба. Ме импресионираше, одлична музичарка е. Не е лесно да се седне на клавир и да се свири со музичар со кој никогаш не сте соработувале. Таа е љубезна, мила и срдечна личност, на сите ни се заблагодари посебно за можноста да свириме заедно – рече Вокер.
Кејт знае да свири и на флејта, а во детството настапувала во училишен хор.