🎥 КЕЈТ МИДЛТОН СО ОМИЛЕНАТА ТИАРА НА ДИЈАНА И ОБЕТКИТЕ НА ЕЛИЗАБЕТА Принцезата блесна на банкетот во чест на нигерискиот претседател
Принцезата од Велс блескаше на раскошниот државен банкет во замокот Виндзор, одржан во чест на нигерискиот претседател Боле Ахмед Тинубу и неговата сопруга.
Кејт Мидлтон ја носеше омилената тиара на Дијана „Љубовен јазол“ и смарагден фустан додека им се придружуваше на кралот Чарлс и остатокот од кралското семејство во пречекот на нигериската делегација во замокот Виндзор, нигерискиот претседател Боле Ахмед Тинубу и неговата сопруга. Посетата беше обележана со прилагодувања поради светиот месец Рамазан.
Принцезата носела долг смарагден фустан со висока јака од дизајнерот Ендру Гно за банкетот во салата „St. George’s“, чија нијанса на зелена боја се совпаѓа со онаа на нигериското знаме. Таа го комплетирала изгледот со тиарата „Љубовен јазол“, која ѝ била омилена на покојната Дијана, и обетки што ѝ припаѓале на кралицата Елизабета II. На настанот пристигнала придружувана од нејзиниот сопруг, принцот Вилијам и принцот Едвард.
View this post on Instagram
Претходно истиот ден, Кејт, исто така, се одлучила за дипломатски изглед при официјалниот дочек на гостите во нивниот хотел во Виндзор. Таа носела сив капут и фустан од младата британско-нигериска дизајнерка Толу Кокер, на чија ревија на Лондонската недела на модата присуствувал и самиот крал минатиот месец. Изгледот го комплетирала со сива шапка од Џејн Тејлор и обетки од покојната принцеза Дајана.
Посетата на претседателот Тинубу е првата државна посета на муслимански лидер на Велика Британија за време на Рамазан по речиси еден век. Бидејќи многу муслимани постат од зори до самрак, традиционалниот ручек со кралот во замокот не се одржал. Се верува дека нигерискиот претседател го прекинал постот приватно пред да се придружи на кралското семејство на вечера.
Првата дама Олуреми Тинубу, позната како Реми, е христијанка и ракоположен пентекостален пастор. За прв пат во поновата историја, пред самата вечера биле послужени канапеи за да им се обезбеди оброк на муслиманските гости кои не стасале да го прекинат постот. Во замокот била подготвена и просторија за молитва. Рамазанскиот Бајрам, кој го означува крајот на Рамазан, започнува утре вечер, кога претседателот и неговата сопруга ќе ја напуштат земјата.