Кејт Мидлтон првпат се појави со маска, истата се распродаде за еден ден! ФОТО

933

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон првпат се појави во јавност со маска на лицето. Нејзиниот примерок беше со цветен дезен и одлично се вклопи со белиот фустан што го избра за ова појавување.

Ова е прво нејзино појавување со заштитна маска на лицето од почетокот на пандемијата на коронавирусот. Инаку, памучна маска за лице чини 16 евра, а ја произведува британскиот бренд „Амаја“.






Сопругата на принцот Вилијам поради пандемијата на коронавирусот не е толку активна колку што сме навикнати да ја гледаме, а поради тоа таа работи од дома, па секое нејзино излегување на терен е „модно задоволство“.

Кејт ја посетила хуманитарната организација „Baby bank“ во Шефилд. Оваа хуманитарна организација им помага на загрозените мајки и ги снабдува со опрема за бебиња.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини