📷 КЕЈТ МИДЛТОН ПРВПАТ СЕ ПОЈАВИ ПО ОПЕРАЦИЈАТА Насмеана вози кон Виндзор

627

Фотографи ја снимија принцезата од Велс Кејт Мидлтон за првпат откако беше хоспитализирана на почетокот на оваа година, јавија светските медиуми.

Принцезата од Велс е видена денеска како се вози во автомобил со нејзината мајка Керол во близина на замокот Виндзор, пишува Ју-Ес Ти-Ем-Зи.






Ова е првпат медиумите да ја видат принцезата од декември минатата година.

На фотографијата се гледа дека Кејт носи темни очила и изгледа како да се смешка.

Социјалните мрежи изминатите денови беа преполни со разни теории на заговор и тврдења поврзани со нејзината операција, закрепнувањето, и фактот што беше најавено дека ќе закрепнува до Велигден според јулијанскиот календар.

Мидлтон беше еден од најпребаруваните поими на Твитер.

Бакингемската палата одби да коментира за нејзиното закрепнување и не даде никакви дополнителни информации, освен дека принцезата се чувствува добро.

Поврзани содржини