КЕЈТ МИДЛТОН ПОКАЖА ЗНАЦИ НА ОПОРАВУВАЊЕ ОД БОЛЕСТА Принцезата трчала и си играла со децата во калта

Кралските деца уживале во многубројните активности на фестивалот во Норфолк и на изненадување на многумина во еден момент им се придружила и Кејт. Според некои извори, Кејт Мидлтон ја зграпчилата пушката в раце, трчала наоколу и си играла во калта со своите деца.

1,759

Откако на крајот на март годинава ја информираше јавноста за својата тешка здравствена состојба, принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, се повлече од јавниот живот и приватно поминува низ лекување од рак. Со самото тоа, ретки се моментите кога обожавателите имаат можност да ја видат својата омилена принцеза. Но, изгледа дека одлучила да направи исклучок и минатиот викенд заедно со сопругот, принцот Вилијам и нивните три деца – принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот, се појавиле на фестивалот „Gone Wild“ во Норфолк.

Како што известува „Дејли мејл“, членовите на кралското семејство го почитувале името на фестивалот. Имено, децата уживале во бројни активности, како играње со пушки Нерф, а на изненадување на многумина во еден момент им се придружила и Кејт. Според некои извори, Кејт Мидлтон грабнала пушка, трчала наоколу и си играла во калта со своите деца. Ова ги израдувало присутните, кои однесувањето на Кејт го протолкувале како порака дека се чувствува подобро од порано.






Организаторите на фестивалот тврдат дека кралското семејство, кое не било фотографирано на настанот, сакало да помине пријатен семеен ден како секое друго нормално семејство.

– Ме повикаа во канцеларијата на продукцискиот тим и ми рекоа дека едно многу посебно ВИП семејство побарало да игра игра на пукање со пена од пушка и димни бомби. Принцот и принцезата од Велс, заедно со своите три деца, пристигнаа со пријателите и семејството. Тие прашаа дали можеме да им обезбедиме интензивна, непрекината игра и секако го обезбедивме она што најдобро го знаеме – раскажала шефицата на Норфолк Нерф Парти, Џорџина Барон. Посетителите на фестивалот потврдиле дека Вилијам и Кејт цело време биле со своите деца.

Да потсетиме, принцот и принцезата од Велс преку видео на социјалната мрежа Инстаграм им честитаа на британските спортисти за успехот на Олимписките игри во Париз. Но, најголемите обожаватели на кралското семејство не можеа да пропуштат еден интересен и изненадувачки детал. Имено, на споменатото видео, принцезата од Велс не го носи својот венчален прстен од дијамант и сафир, кој некогаш и припаѓал на покојната принцеза Дијана. Наместо тоа, тој има едноставен, таканаречен „прстен на вечноста“.

Британските медиуми шпекулираат дека Кејт добила нов прстен од Вилијам по повод нивната неодамнешна 13-годишнина од бракот, а лекарот им објаснил на истите медиуми дека причината за замената на прстенот може да биде и третман против дијагнозата со која се бори – рак.

– Хемотерапијата може да поттикне задржување на течности во рацете, поради што многу пациенти мораат да ги вадат прстените во текот на лекувањето на ракот – објаснил онкологот Дажи Лиу за британскиот магазин „Хелу“. Тој додал дека третманите за лекување на ракот може да предизвикаат чувствителност и иритација на кожата, што може да го направи непријатно носењето прстени.

Она со што Вилијам привлече внимание во видеото со кое им честиташе на олимпијците е неговиот нов имиџ, односно таканаречената тридневна брада, а многумина се согласија дека му стои одлично. Да потсетиме, во споменатото видео во кое се појавуваат Кејт и Вилијам, им се придружија раперот Снуп Дог и пензионираниот фудбалер Дејвид Бекам.

Поврзани содржини