КЕЈТ МИДЛТОН ПО ОБЈАВАТА ГО НАПУШТИ ВИНДЗОР Празниците ќе ги помине со Вилијам и со децата далеку од очите на јавноста
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се упатија кон нивната селска куќа, Анмер Хол, во Норфолк, каде што треба да ги поминат велигденските празници заедно со своите деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.
Откако се дозна дека на принцезата од Велс и бил дијагностициран рак и дека оди на превентивна хемотерапија, очите на јавноста се вперени во неа иако таа побара приватност и мир. Само неколку часа по објавата, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се снимени како го напуштаат Виндзор.
Принцот и принцезата од Велс се качија на хеликоптер и се упатија кон нивната селска куќа, Анмер Хол, во Норфолк, каде што треба да ги поминат велигденските празници заедно со своите деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис, далеку од очите на јавноста.
По вест дека на принцезата од Велс и е дијагностициран облик на рак и дека сега оди на превентивна хемотерапија, семејството не се очекува да присуствува на велигденската црковна служба следната недела во Виндзор, наместо тоа, тие ќе ги поминат празниците во Норфолк.
Иако многумина се надеваа дека Кејт ќе ги продолжи своите кралски должности по Велигден, како што беше претходно планирано, сега е извесно дека тоа нема да се случи.
– Принцезата ќе се врати на службените должности кога тоа ќе биде одобрено од лекарскиот тим. Таа е во добро расположение и фокусирана е на целосно закрепнување – изјави во петокот портпаролот на Кенсингтонската палата.
Нивната вила во Норфолк, каде што кралската двојка ќе го помине Велигден, е селската резиденција на принцот Вилијам и принцезата Кејт, која како свадбен подарок им ја подари покојната кралица Елизабета Втора.

Изградена е во 1802 година, оттогаш е реновирана неколку пати, а последен пат беше во 2021 година, кога за овие потреби биле издвоени 1,5 милиони фунти.
Кејт, која е далеку од кралските должности од минатиот Божиќ, во емотивна видео порака во петокот објави дека и е дијагностициран рак и се заблагодари на нацијата за „сите прекрасни пораки за поддршка“ и нивното „разбирање“.
– Добро сум и секој ден станувам се посилна фокусијаќи се на работи кои ќе ми помогнат да заздравам – во својот ум, тело и дух. Работата отсекогаш ми носела длабоко чувство на радост и со нетрпение очекувам да се вратам кога ќе можам, но засега морам да се фокусирам на целосно закрепнување – рече принцезата од Велс.