КЕЈТ МИДЛТОН ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ПРИНЦОТ ЛУИС Грижливата мајка и покрај болеста се погрижи да ја продолжи традицијата
На социјалните мрежи беше споделена фотографија од принцот Луис, најмалото дете на принцот и принцезата од Велс, по повод неговиот 6 роденден.
Фотографијата на британскиот принц Луис, направена од неговата мајка, принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, е објавена во чест на шестиот роденден на најмладиот син на принцот и принцезата од Велс објавија денеска британските медиуми.
На социјалните мрежи беше споделена фотографија од насмеаното момче со роденденска честитка:
„Среќен 6-ти роденден на принцот Луис! Ви благодариме за сите убави желби“
View this post on Instagram
Фотографијата е направена во последните неколку дена во Виндзор и се верува дека не е дополнително технички обработена. Престолонаследникот Вилијам и Кејт, принцезата од Велс ја објавиле сликата сакајќи да им се заблагодарат на оние кои испратиле честитки и желби. А, воедно Кејт се погрижила да продолжи традицијата со фотографирање на децата на нивните родендени.
Се очекува дека и роденденот на принцезата Шарлот во мај ќе биде покриен со традиционално објавување фотографии во медиумите.
Изминатите неколку месеци беа исполнети со исклучително тешки настани за кралското семејство по дијагнозата на рак на Кејт и објавата на принцезата од Велс во март дека била подложена на превентивна хемотерапија.
“Среќно момче ѝ се насмевнува на својата мајка од зад камерата. Принцот Луис повторно изгледа како безгрижниот палавко кој го украде центарот на вниманието на големите кралски настани во последните години. Во овој бурен период во кралското семејство, не можете да ги обвинувате затоа што сакаат да ги прават семејните работи на свој начин“ – се посочува во објавата на Скај њуз.