Три нови фотографии на војвотката од Кембриџ беа објавени од палатата Кенсингтон вчера, по повод нејзиниот 40-ти роденден, кој го прославува денеска во кругот на најтесното семејство. Една од нив е прекрасна црно-бела фотографија, како од некое минато време.
Портретите со дело на италијанскиот моден фотограф Паоло Роверси, кои годинава ќе одат на турнеја низ Британија пред да бидат додадени во постојаната колекција на Националната галерија на портрети, чиј покровител е Кејт.
Трите фотографии, кои имаат неутрални и прекрасни заднини, се направени во ноември во ботаничките градини во Кју, западен Лондон, соопшти Кенсингтонската палата.
Кетрин Мидлтон, војвотката од Кембриџ, е сопруга на принцот Вилијам е се поистакната личност во британското кралско семејство, во кое влезе во 2011 година. Таа е мајка на три деца.