Кејт Мидлтон најдена на подот од бањата, хистерична и расплакана

11,608

Наизглед, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон имаат брак од соништата и тоа веќе девет години, но всушност, работите сепак не се толку совршени.

Веќе цела година се пишува за тоа како Вилијам имал афера со Роуз Ханбери (37), заедничка пријателка на кралскиот пар, која е во брак со двојно постариот маркиз Дејвид Колмондели, а се чини дека ова не е единствената афера што ја имал во бракот со Кејт. Вилијам наводно ја изневерил својата сопруга и пред три години додека бил на скијање во Швајцарија со австралискиот топ модел Софи Тејлор, а на јутјуб е дури и достапно видео во кое принцот жестоко танцува во ноќен клуб, притоа држејќи ја Софи околу половината.






Принцот Вилијам дури им се заканувал на британските таблоиди дека ќе ги тужи доколку не престанат да пишуваат за неговите наводни афери, а познато е дека членовите на британското кралско семејство никогаш не реагираат на натписите на весниците.

Во секој случај, не е тешко да се замисли како Кејт се чувствувала кога дознала дека Вилијам ја изневерува, особено со Роуз, затоа што, таа била бремена со третото дете, а сега таблоидот „Глоуб“ лансираше приказна во која детално зборува за тоа како Кејт се чувствувала кога дознала за Вилијам и Роуз.

„Глоуб“ тврди дека Кејт дознала за ова во семејната куќа на нејзините родители, а штом ја слушнала несреќната вест, таа истрчала во бањата, плачејќи и хистерично, каде се затворила. Нејзините родители малку подоцна ја пронашле свиткана на подот. Ѝ било толку лоша така што нејзините родители морале да го повикуваат не само Вилијам, туку и лекарите. Кејт закрепнувала, и психички и физички, многу долго после тоа.

– Долго по информацијата за наводното неверство на нејзиниот сопруг, таа одбиваше да јаде со што видливо загуби неколку килограми – изјавил извор близок на семејството.

Откако целата приказна излезе во јавност, принцот Вилијам им се закани на новинарите со тужба за клевета.

Поврзани содржини