КЕЈТ МИДЛТОН КАКО ГРЧКА БОЖИЦА На свечена церемонија се појавила во фустан стар 10 години (ФОТО)
Странските медиуми пишуваат дека оваа креација вреди 4.290 фунти, а Кејт ја облекла по вторпат.
Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон беа на доделувањето на наградите „Earthshot“ во Лондон.
Вилијам за таа пригода облекол црна блуза и зелено кадифено палто. Со тоа искомбинирал црни панталони и чевли. Кејт, пак, за оваа свечена пригода носела дизајнерски фустан од Александар Меквин.
View this post on Instagram
Странските медиуми пишуваат дека оваа креација вреди 4.290 фунти, а Кејт ја облекла по вторпат. Војвотката од Кембриџ се појавила во овој фустан во 2011 година на доделувањето на наградите БАФТА во Лос Анџелес.
Сексапилот е нагласен на суптилен начин, а моделот на фустан многумина ги потсети на типичен приказ на грчките божици.
Патем, Вилијам ја осмисли наградата Earthshot со Кралската фондација. Ова е прва церемонија на десетгодишен еколошки натпревар организиран од војводата од Кембриџ.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм