КЕЈТ МИДЛТОН ИЗБРИШАНА ОД ЛИСТАТА Што крие британското кралско семејство?
Британското министерство за одбрана вчера објави дека принцезата од Велс која се опоравува по хируршката интервенција, ќе биде присутна на традиционалната церемонија „Поздрав на боите“ на 8 јуни, а денеска името на Кејт Мидлтон го нема на списокот.
Министерството за одбрана на Велика Британија го отстрани името на Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, од списокот на луѓе кои ќе присуствуваат на церемонијата „Поздрав на боите“ на 8 јуни.
Министерството претходно објави дека идната британска кралица ќе се појави на балконот на Бакингемската палата заедно со другите членови на кралското семејство за време на церемонијата, но претходно не побарало дозвола од канцеларијата на принцот и принцезата од Велс да го објави тоа, пренесува Скај њуз.
Кејт Мидлтон на 16 јануари имаше хируршка интервенција на абдомен во приватната лондонска болница во која и кралот Чарлс Трети имаше оперативен третман на зголемена простата. Идната британска кралица не е видена во јавноста од крајот на декември, кога беше сликана на божиќна прошетка со другите членови на кралското семејство во Сандрингем, Норфолк.
Бакингемската палата претходно објави дека принцезата која закрепнува од операцијата, ќе се врати на јавните настани дури по Велигден, а останува нејасно кога ќе се врати на кралските должности.
„Поздравот на боите“ е церемонија што ја изведуваат полкови на британската и армијата на Комонвелтот. Тоа е традиција на британските пешадиски полкови што се негува уште од 17 век.