📷 КЕЈТ МИДЛТОН ИСПРАТИ ПОРАКА ЗА СВЕТСКИОТ ДЕН ПРОТИВ РАКОТ Ја фотографирал синот Луис насмеана во шума

Не заборавајте да го негувате сето она што лежи надвор од болеста, порача принцезата од Велс.

858

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, испрати силна порака на социјалните мрежи пред Светскиот ден на ракот, само три недели откако објави дека е во ремисија од лекувањето.

Светскиот ден за борба против ракот се одбележува на 4-ти февруари, а Мидлтон ја сподели својата порака ден претходно. .






Таа сподели фотографија на која стои насмеана во шумата со кренати раце, а како што напишала, фотографијата ја направил нејзиниот син Луис.

Покрај фотографијата, принцезата ги објави зборовите: „Не заборавајте да го негувате сето она што лежи надвор од болеста“.

Според Кенсингтонската палата, сликата е одраз на тоа колку времето поминато во природа било важно за принцезата.

 

Поврзани содржини