📷 КЕЈТ МИДЛТОН И ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ ОБЈАВИЈА ДОСЕГА НЕВИДЕНА ФОТОГРАФИЈА ОД ВЕНЧАВКАТА 13-годишнината ја прославија на посебен начин

Нивната венчавка на 29 април 2011 година беше главна вест ширум светот, а очите на јавноста беа насочени кон невестата и младоженецот, а особено кон венчаницата на тогаш 29-годишната Кејт.

380

Принцот и принцезата од Велс споделија фотографија направена по повод 13-годишнината од бракот. Фотографијата, која досега никогаш порано не е видена, е објавена на нивниот официјален профил на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер, а ги прикажува Кејт Мидлтон и принцот Вилијам по склопувањето на нивниот брак во 2011 година.

 







„Среќна годишнина. Не можам да верувам дека поминаа 13 години. Толку добро се сеќавам на овој момент. Ви испраќам многу љубов на двајцата на вашиот посебен ден“, рекол фотографот Мили Пилкингтон.

Нивната венчавка на 29 април 2011 година беше главна вест ширум светот, а очите на јавноста беа насочени кон невестата и младоженецот, а особено кон венчаницата на тогаш 29-годишната Кејт.

Кејт Мидлтон носеше бел фустан со V-деколте на кој имаше долги ракави од тантела. Венчаницата ја дизајнираше Сара Бартон за Александар Меквин. Како што тогаш беше објавено, Кејт го избра британскиот бренд поради убавината на неговата изработка и почитувањето на традиционалната изработка. Нејзината идеја била да ги „комбинира традицијата и модерноста со уметничката визија што ја карактеризира работата на Меквин“.

Поврзани содржини