Војводата и војвотката од Кембриџ се подготвени да ја прекинат традицијата на кралското семејство и да продолжат по поинаков пат за да го заштитат својот син, принцот Џорџ.
Кралскиот стручњак Ингрид Севард вели дека модерниот пристап на кралската двојка за воспитување на трите деца и позитивниот прием на јавноста може да влијае на нивниот пристап кон одредени традиции.
Принцот Џорџ од Кембриџ сега има шест години, а веќе се размислува за неговото образование и иднина. Па се поставува прашањето, дали младиот принц ќе оди во интернат, како и неговите родители и сите членови на кралското семејство, или ќе го држат подалеку од сето тоа, за да не биде несреќен како неговиот дедо, принцот Чарлс.
Госпоѓа Севард вели дека војводата и војвотката можат да следат поинаков пат со цел да ја заштитат среќата на нивното првородено.
– Во последно време, сме навикнати да гледаме како одредени членови на кралското семејство ја кршат традицијата, па затоа нема да биде изненадување, ако и тие одлучат да тргнат по својот пат. Мислам дека Вилијам и Кејт ќе гледаат на тоа, дали нивните деца се среќни на училиште – заклучила таа.