Повеќето луѓе се сеќаваат кога во 2001 година хрватскиот тенисер Горан Иванишевиќ (48) го освои Вимблдон, но на тоа особено добро се сеќава војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон (38).
Таа тогаш била 19-годишна девојка која го обожавала Вимблдон, а значењето на престижниот турнир се слави и денес, 19 години подоцна. Таа година го запознала и нејзиниот сегашен сопруг, принцот Вилијам (37).
– Отсекогаш сум следела тенис, а особено Вимблдон. Англиското лето е незамисливо без тој натпревар и тоа беше дел од моето растење. Го обожавав Горан Иванишевиќ, бев маѓепсана од него, како и Пит Сампрас, Андре Агаси и Штефи Граф – раскажала Кејт во текот на снимањето на документарецот за Вимблдон за Би-би-си.
Иако сега секоја година седи во главната ложа на натпреварите на Вимблдон, во тоа време таа била само обичен граѓанин на Англија и не можела да оди на натпревари кога ќе посака.
Откако стана сопруга на принцот Вилијам, таа не изразила симпатија кон спортистите јавно, но еднаш призна дека нејзината мајка е голем обожавател на Роџер Федерер.