КЕЈТ МИДЛТОН ГО „МАЃЕПСАЛА“ ТРАМП УШТЕ НА ПРВАТА СРЕДБА Еве каков комплимент ѝ доделил американскиот претседател
По пристигнувањето во замокот, Трамп најпрво се ракувал со принцот Вилијам и му рекол: „Здраво, пријателе, како си?“, а потоа се ракувал и со принцезата Кејт, на која ѝ упатил комплимент: „Толку си убава“, пренесува Индепендент.
Американскиот претседател Доналд Трамп, наводно, денеска ѝ упатил комплимент на британската принцеза Кејт за време на кралскиот пречек во замокот Виндзор, велејќи ѝ дека е „толку убава“.
По пристигнувањето во замокот, Трамп најпрво се ракувал со принцот Вилијам и му рекол: „Здраво, пријателе, како си?“, а потоа се ракувал и со принцезата Кејт, на која ѝ упатил комплимент: „Толку си убава“, пренесува Индепендент.
Двете двојки потоа прошетале една покрај друга – Вилијам и Трамп разговарале во средината на групата, додека американскиот претседател ја држел својата сопруга Меланија за рака.
Потоа им се придружиле на кралот Чарлс III, кој исто така се ракувал со Трамп, а разговорот меѓу двајцата продолжил и за време на обиколката на почесната гарда.
Претседателот на САД беше пречекан со почесна гарда, по што тој и британскиот крал ги поздравија војниците, а потоа беа интонирани химните на САД и Велика Британија.
Двајцата лидери заедно со сопругите влегоа во златна кочија која ги однесе во замокот, каде што за гостите беше приреден свечен ручек.
Ова е прва официјална посета на Трамп на Велика Британија во неговиот втор мандат.
Тој пристигна во Лондон во вторникот навечер и изјави дека му е мило што повторно е во Британија, која ја нарече „многу посебно место“, додавајќи дека кралот Чарлс му е долгогодишен пријател кого многу го почитува, и дека поканата да дојде во Виндзор е „исклучително голема чест“.
За време на посетата на Трамп, пред замокот Виндзор се собраа анти-Трамп и про-палестински демонстранти, од кои некои носеа капи на Дејви Крокет и дуваа во мали труби.