Кејт Мидлтон го фотографираше принцот Вилијам по повод неговиот 38. роденден ФОТО

942

Принцот Вилијам вчера го прослави 38-иот роденден.

Во име на неговиот роденден и Денот на татковците, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон на нивниот инстаграм-профил објавија емотивни семејни фотографии.






На истите, Вилијам е опкружен со своите три деца: принцот Џорџ (6), принцезата Шарлот (5) и принцот Луис (2), а убавите фотографии ги направила Кејт.

„Војводата и војвотката од Кембриџ со задоволство споделуваат нови фотографии на принцот Вилијам со принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис пред роденденот на војводата“, стои во описот на објавата на Инстаграм.

Неговото целосно име гласи Вилијам Артур Филип Луис. Тој е роден на 21 јуни 1982 година) и е најстариот син на Чарлс, принцот од Велс и Дијана, принцезата од Велс, и третиот најстар внук на кралицата Елизабета Втора и принцот Филип, војводата од Единбург.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини