📷 КЕЈТ МИДЛТОН ДЕНЕСКА СЛАВИ РОДЕНДЕН Принцот Вилијам им ги стопи срцата на сите со својата трогателна честитка

Со роденденски честитки се придружија и кралот Чарлс и кралицата Камила, кои објавија фотографија на заедничкиот инстаграм-профил на кралското семејство и испратија топли зборови. Тие споделија фотографија од Кејт од божикната забава во Сандрингем, на која таа е во прекрасен темнозелен фустан со букет цвеќе.

1,778

Принцезата Kејт Мидлтон денеска го слави својот 43-ти роденден, објави Индепендент.

По најтешката година зад себе, принцезата го прославува роденденот, опкружена со најблиските, а нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, ѝ честиташе со најемотивната порака досега.






Имено, на официјалниот профил на Инстаграм на принцот и на принцезата пристигна порака од Велс којашто никој не ја очекуваше. Наместо формална честитка во која се споменуваат нејзината титула и возраст, според многумина, следеше неочекуван излив на емоции од принцот Вилијам.

„На најневеројатната сопруга и мајка. Силата што ја покажа во текот на изминатата година е извонредна. Џорџ, Шарлот, Луис и јас сме толку горди на тебе. Среќен роденден, Кетрин, те сакаме”, напиша принцот Вилијам во честитката.

Со роденденски честитки се придружија и кралот Чарлс и кралицата Камила, кои објавија фотографија на профилот на кралското семејство на Икс и испратија топли зборови. Тие споделија фотографија од Кејт од божикната забава во Сандрингем, на која таа е во прекрасен темнозелен фустан со букет цвеќе.

Тие напишаа кратка честитка: „Среќен роденден на принцезата од Велс“.

Поврзани содржини