Кејт и Вилијам објавија фотографии од карантинот во раскошната палата, а сите ги изненади една работа ФОТО
Никој досега не знаеше како изгледа работниот простор на војводата и војвотката од Кембриџ, сѐ додека на официјалиот инстаграм-профил Кенсингтон ројал, не осамнаа фотографиите.
Принцот Вилијам, Кејт Мидлтон и нивните деца Џорџ (6) Шарлот (4) и Луис (1) се сместија во изолација во кралската резиденција во Кенсингтон, откако беше прогласен карантин во Велика Британија.
Вилијам и Кејт се појавија на социјалните мрежи за да покажат дека работат и во изолација, па затоа се сликаа во богатата канцеларија на нивната замок со десет спални соби.
Меѓутоа, она што многумина изненади, е тоа што Кејт и Вилијам на бироа ја немаат најмодерната технологија, па на нивните работни маси може да се видат само фасцикли и книги.
Како што најавија, тие ќе започнат со проект вреден 5 милиони фунти за психолошка помош за граѓаните на Велика Британија за време на карантинот.
– Самоизолацијата и социјалната дистанца можат да бидат голем предизвик за нашето ментално здравје – рекле Вилијам и Кејт.
Војводата и војвотката од Кембриџ редовно се во контакт со организациите кои се занимаваат со тоа да ги решат проблемите со кои светот се соочува во овие тешки времиња.
„Џорџ, Шарлот и Луис уживаат во огромните градини на Анмер Хол“, изјави извор за британскиот печат.