📽️ КЕЈН И БЕЛИНГЕМ ГО УРНАА МЕКСИКО Англија избори европско четвртфинале со Норвешка
Џуд Белингем постигна два гола за само две минути, Хари Кејн реализираше пенал, а Англија и покрај тоа што цело второ полувреме играше со фудбалер помалку успеа да го елиминира Мексико со 3:2.
Репрезентацијата на Англија обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското првенство, откако ноќеска во возбудлив натпревар го совлада еден од домаќините, Мексико, со 3:2.
Со оваа победа Англичаните си закажаа европска пресметка во четвртфиналето, каде ќе се соочат со Норвешка.
Англија ја презеде контролата во финишот на првото полувреме, кога Џуд Белингем со два брзи гола во 36 и 38 минута донесе водство од 2:0.
Сепак, Мексиканците успеаја да ја вратат неизвесноста уште пред паузата, откако Жулијан Кињонес во 42 минута намали на 2:1.
Проблемите за Англија се зголемија во 54 минута, кога Џарел Кванса доби директен црвен картон, оставајќи ја својата селекција со играч помалку.
И покрај тоа, капитенот Хари Кејн во 60 минута беше прецизен од белата точка и ја зголеми предноста на 3:1.
Мексико повторно се врати во игра девет минути подоцна, кога Раул Хименез исто така реализираше пенал за 3:2, но домаќините до крајот не успеаја да стигнат до израмнување.
Англија така обезбеди место меѓу осумте најдобри репрезентации на Мундијалот, а во четвртфиналето на 11 јули во Мајами ќе игра против Норвешка. Натпреварот ќе започне во 23 часот по македонско време.