КАЗНИ ЗА СУДИИ, ДЕЛЕГАТИ И КЛУБОВИ ЗА ПРОПУСТИ ВО НАТПРЕВАРИТЕ Кошаркашката Федерација изрече санкции во МТЕЛ супер лига 

КФМ истакнува дека мерките испраќаат јасна порака – регуларноста нема компромис и никој не е над правилата, ниту судиите, ниту делегатите, ниту клубовите.

205

Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) изрече санкции за судии, делегати и клубови поради пропусти во трето и четврто коло од МТЕЛ Супер лигата – мажи, за да се обезбеди регуларноста на натпреварите.

Судиите на натпреварот КК „Кожув“ – КК „Гостивар“ добија забрана за вршење должност на 4, односно 2 натпревари. Делегатите на натпреварите КК „Куманово“ – КК „Феникс“ и КК „Пелистер“ – КК „Маџари“ се суспендирани за по 4 натпревари.






Во случајот со КК „МЗТ Скопје“ и натпреварот против КК „Ангели“, играч кој не бил наведен на образецот NAT-1 влегол во игра. Делегатот е санкциониран, а натпреварот службено регистриран 20:0 во корист на противникот, при што МЗТ Скопје не добива бод.

Санкциите се преземени согласно член 43 од Статутот на КФМ, Правилникот за натпреварување, Пропозициите за натпреварување и Дисциплинскиот правилник, со цел доследна примена на актите и одговорност за сите субјекти.

КФМ истакнува дека мерките испраќаат јасна порака – регуларноста нема компромис и никој не е над правилата, ниту судиите, ниту делегатите, ниту клубовите. Спроведувањето на актите и правилата е темел на кредибилитетот и угледот на македонската кошарка, која мора да се развива во фер и еднакви услови за сите учесници, без разлика на нивниот ранг, историја или традиција.

Федерацијата ги повикува сите учесници да ги почитуваат актите, одлуките и процедурите, бидејќи тоа е основа за фер средина и доверба во институциите. Интегритетот на кошарката е највисок спортски интерес, заснован на чесност, фер-плеј и почитување на правилата. КФМ ќе продолжи да ги спроведува своите акти доследно и транспарентно, без селективност, со цел заштита на угледот на спортот и испраќање порака дека интегритетот не се преговара, нагласува Федерацијата.

Поврзани содржини