КАЗНИ ЗА ГАНИУ И КАСАМИ, КАКО И ЗА ТЕТОВО И ЧАИР Не ги испочитувале државните симболи при посетата на Курти

Претходно градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу во изјава за медиумите рече дека бил повикан во полициската станица Бит Пазар и дека добил две прекршочни пријави, а пак првиот човек на Тетово, Биљал Касами на фејсбук напиша дека државата сѐ уште се наоѓа во времето на комунизмот.

617

Министерството за внатрешни работи информираше дека до надлежните Основни судови е поднесе барања за поведување на прекршочна постапка против правните лица Општина Чаир и Општина Тетово и одговорните лица во овие правни лица, градоначалниците на овие општини Висар Ганиу и Билал Касами.

„Имено, за време на официјалната посета на косовската делегација на нашата држава, предводена од претседателот на Владата на Република Косово, г.Албин Курти, при организираниот пречек на 11.08.2023 на ул.„Ферид Мурати” во Скопје и на Градскиот плоштад во Тетово, не е постапено согласно Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Северна Македонија. Односно за време на манифестациите организирани по тој повод не е интонирана државната химна и не е поставено државното знаме на Република Северна Македонија, со што е сторен прекршок по чл.30 од истиот закон“, информираат од МВР.






МВР продолжува со потрага по лицето кое на една од манифестациите вееше знаме на голема Албанија и по негово пронаоѓање против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Претходно градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу во изјава за медиумите рече дека бил повикан во полициската станица Бит Пазар и дека добил две прекршочни пријави, а пак првиот човек на Тетово, Билал Касами на фејсбук напиша дека државата сѐ уште се наоѓа во времето на комунизмот.

ГАНИУ И КАСАМИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА ПОРАДИ КУРТИ Две прекршочни пријави заработи градоначалникот на Чаир

Поврзани содржини