Казни од 2.000 евра за 22 лица кои не го почитувале полицискиот час

Обвинителството за сите обвинети му предложи на Основниот кривичен суд Скопје да определи парични казни од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена на износ од 20 евра

205

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе казнени налози против 22 лица обвинети за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Како што информираат од ОЈО Скопје, обвинетите, во одделни кривично-правни настани, не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот.






Обвинителството за сите обвинети му предложи на Основниот кривичен суд Скопје да определи парични казни од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена на износ од 20 евра во денарска противвредност​.

Поврзани содржини