КАЗНИ НАД 300.000 ДЕНАРИ ЗА ЧЕТИРИ ФИРМИ Не ја почитувале мерката за замрзнатата цена на лебот
Направени се записници и изречени се парични казни од над 300.000 денари. Казните се многу високи, согласно законот за трговија, па и законот за заштита на потрошувачите, се движат од 500 до 10.000 евра по правен субјект или од 50 до 500 евра за одговорното лице, изјави Котели за медиумите.
Државниот пазарен инспекторат(ДПИ) денеска казнил три фирми од Скопје и една од Куманово поради продажба на леб по цена поскапа од 33 денари, изјави за медиумите Александра Котели од инспекторатот. Таа рече дека контроли биле извршен на 30 локации во секој град во државата. Вчера биле направени 190 контроли, а денес 234 проверки на територијата на цела држава.
– – Направени се записници и изречени се парични казни од над 300.000 денари. Казните се многу високи, согласно законот за трговија, па и законот за заштита на потрошувачите, се движат од 500 до 10.000 евра по правен субјект или од 50 до 500 евра за одговорното лице – изјави Котели.
Taa рече и дека лебот е производ кој е неопходен во секојдневниот живот на граѓаните, па затоа ДПИ апелираат на почитување на одлуката за цените.
Владата донесе одлука за замрзнување на цената на белиот и на полубелиот леб од 450 грама, на 33 денари.