КАЗНИ ДО 1.000 ЕВРА АКО НАВРЕДИТЕ ПРАТЕНИК, МИНИСТЕР, СУДИЈА Словенија против непристојност кон функционери
Со таа одлука забрането е навредување или викање на функционери или какво било друго вознемирување.
Словенечкото министерство за внатрешни работи ќе казнува од 500 до 1.000 евра за недолично однесување кон највисоките претставници на државата.
Ќе се казнува непристојното однесување кон пратениците, судиите на Уставниот или на Врховниот суд.
Таа одлука ја донела Владата на Словенија и сега се чека да помине во Собранието, пренесува РТВ Словенија.
Со таа одлука забрането е навредување или викање на функционери или какво било друго вознемирување.