КАЗНЕТИ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА СИРЕЊЕ, МЕСАРНИЦА ВО ПРИЛЕП И ПАЗАРЏИИ ВО БУЊАКОВЕЦ Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со инспекциите

На производителот на сирење во прилепско Ново Лагово му е наложено да ја регистрира дејноста, соопшти генцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

8,172

Поради вршење на нерегистрирана дејност – производство на сирење, неделава во прилепското село Ново Лагово, по спроведен вонреден инспекциски надзор, индивидуален земјоделец – примарен производител на кравјо млеко е парично казнет, извести денеска Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соопштение до јавноста.

На производителот му е наложено да ја регистрира дејноста производство на сирење, велат од АХВ.






Во истото соопштение се вели дека е казнет и оператор со храна во Прилеп:

„Поради неводење на дневна евиденција за потрошени суровини за производство на подготовки од месо, во Прилеп, парично е казнет оператор со храна –  месарница. Казна е изречена и за одговорното лице во правното лице“.

АХВ известува и дека на скопскиот пазар Буњаковец се казнети неколку лица поради вршење нерегистрирана дејност.

„По спроведени вонредни инспекциски надзори на скопскиот зелен пазар Буњаковец, казнети се физички лица поради вршење на  нерегистрирана дејност. Нештетно се уништени 8 килограми сирење, 2 килограми кашкавал, 5 пакувања мед со саќе во количина од 4,5 килограми, кои немале документ за потекло. Контрола е спроведена и во сендвичарница на овој зелен пазар каде не се утврдени неправилности“, се вели во соопштението на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Поврзани содржини