КАЗНЕТИ ПЕТ КОМБИЊА СО СТРУМИЧКИ ОЗНАКИ КАЈ ТАБАНОВЦЕ Вршеле превоз без да имаат лиценца

По целосно документирање на случаите, Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово ќе биде поднесена пријава по член 284-а од Кривичниот законик – „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца".

81

 Пет возила, со струмички регистарски ознаки, вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација, констатирале полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Табановце”, при проверка вчера и завчера.

„На 03.12 и 04.12.2022, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце било констатирано непочитување на законите кај пет патнички возила-комби, кои вршеле меѓународен превоз на патници. При контрола на петте возила, сите со струмички регистарски ознаки, управувани од А.С.(42), П.Ч.(24), Д.А.(35), В.Ј.(23) и Н.Г.(23), сите од Струмица и струмичко, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација – дозвола за меѓународен линиски превоз“, информираат од МВР.






По целосно документирање на случаите, Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово ќе биде поднесена пријава по член 284-а од Кривичниот законик – „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца”.

Поврзани содржини