Казнети над 1.500 мотоциклисти во јули и август

326 учесници управувале со мотоцикл пред да се стекнат со право за управување (без возачка дозвола), 154 учесници управувале со нерегистрирани и со измината важност на регистрација на мотоциклот, 855 учесници не користеле заштитен шлем (кацига), а констатирани се и 121 други прекршоци.

215

Секторот за сообраќајни работи во Одделот за униформирана полиција при Бирото за јавна безбедност, во координација со организационите единици за контрола и регулирање на сообраќајот на територијата на државата во текот на јули и август 2020 година констатира 1.529 прекршоци сторени од лица кои управувале мотоцикли.

Од МВР информираат дека од констатираните 1.529 прекршоци, 326 учесници управувале со мотоцикл пред да се стекнат со право за управување (без возачка дозвола), 154 учесници управувале со нерегистрирани и со измината важност на регистрација на мотоциклот, 855 учесници не користеле заштитен шлем (кацига), а констатирани се и 121 други прекршоци направени од страна на оваа категорија учесници во сообраќајот.

Поврзани содржини