Казнети 443 лица поради неносење маска
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.
Во текот на изминатото деноноќие во однос на мерката за носење заштитна маска регистрирани се 443 прекршоци, информираат од МВР.