Казнети 437 возачи,140 за пречекорена брзина

444

Во рамки на засилените акциски контроли на Министерството за внатрешни работи во областа на сообраќајот. во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изречени се вкупно 437 санкции.

Како што соопшти МВР, од изречените санкции за возење без возачка дозвола се за 50 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 140 прекршоци, 40 технички неисправни и нерегистрирани возила, осум мотоцикли, 79 мерки за непрописно паркирање, 48 се подигнати со пајак, а изречени се 59 казни за неносење на заштитна маска.






Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедноста во сообраќајот

Поврзани содржини