КАЗНЕТИ 4 ГРАДИЛИШТА ВО ЦЕНТАР Со шут и со граѓа зафатиле јавни површини
Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Четири градилишта во Општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, соопшти Општина Центар.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвиле записници и издале прекршочни налози за градилишта на улиците Златко Шнајдер, 9 Мај, Дебарца и Васил Стефановски.
Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
– Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор – рече Герасимовски.
Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор.