Казнети 24 моторџии – „диви тркачи“ низ скопските улици

285

Во акциска контрола за откривање на организатори и учесници во „диви трки“ на подрачјето на Скопје, полицијата санкционирала 24 возачи на мотори, кај кои се констатирани низа прекршоци, а бил одземен еден мотоцикл.

Од МВР денска соопштија дека акциската контрола на Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност во координација со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје била реализирана вчера од 19,00 до 02 часот по полноќ на подрачјето на Скопје.

Поврзани содржини